По тој повод, во чест на неговиот лик и дело, градоначалникот Марко Колев заедно со претставници од театарот и директорот Жарко Спасовски положија букети цвеќе на неговата спомен-биста во Младинскиот парк во непосредна близина на Театарот, информира попладнево градоначалникот Колев.
Петре Прличко бил роден на денешен ден, 13 март во 1907 година, а почина на 16 ноември 1995 година.
Прличко познат како којничанец, бидејќи живеел на Којник во Велес, е еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Припаѓа на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци, оставајќи зад себе многубројни главни улоги како на театарската сцена така и на филмското платно.
Една од неговите најдраги улоги е ликот на Манданата во филмот „Мис Стон“ за која ја доби и наградата „Златна арена“. За своите безвременски улоги на театарската сцена и на македонските филмови, добива многубројни награди и признанија меѓу кои „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга и други.






