Настанот, кој започнува во 18:30 часот, е организиран од Српскиот културно-информативен центар „Спона“, со поддршка од Почесниот конзулат на Република Србија во Охрид и почесниот конзул Михајло Филев, кој ќе им се обрати на присутните.
Книжевната вечер ќе биде посветена на српските изданија на поетските книги „Јазичен триптихон“ и „Извештаи на рисот и други песни“, кои добија високи оценки од српската книжевна критика.
На настанот ќе учествуваат и српскиот книжевник и издавач Гојко Божовиќ, како и Милутин Станчиќ, програмски директор на „Спона“. Модератор ќе биде Иван Антоновски.