среда, 4 јуни 2025

Вечерва во Битола започнува 26-от Фестивал на монодрама

Со претставата „Д (Како Дездемона)“ во изведба на Скопје танцов театар, вечер во Битола почнува 26 -то издание на Интернационалниот фестивал за монодрама на кој годинава ќе се натпреваруваат две домашни и осум монодрами од странство.

Објавено на

часот

Сподели

Фестивалот годинава се одржува под мотото „Еден збор, еден свет“, кое според домаќините, НУ Центар за култура-Битола, може да биде почеток на приказна, на живот, на сцена што оживува, а може да биде и експлозија на емоции, радост, тага, љубов.

„Во рамки на фестивалот, освен натпреварувачки ќе има и дополнителни содржини, работилница за деца, промоција на монографија ‘25 години Интернационален фестивал на монодрама’, во Битола ќе гостува и професорот Роналд Ранд кој ќе зборува на тема ‘Уметност на трансформација’, како и професорот Сашо Димоски кој ќе зборува на панел-дискусија ‘Монодрамата како мост меѓу културите’ “, посочи Влатко Илиевски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Според востановената традиција, стручното жири, во кое членуваат Рисима Рисимкин од Македонија, Емре Ердем од Турција и Лаша Чкартишвили од Грузија, на крајот од фестивалот, на 23 мај ќе додели награда Гран при за најдобра монодрама, награда за најдобра режија и најдобар актер на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2025“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ