Како што информира МНТ, темата на претставата е досадата на децата во денешното време. Авторите ги охрабруваат децата и родителите да остават да им биде досадно без да ги окупираат со разни обврски, само за да ја избегнат досадата. Ликовите на децата, Вања и Бојана, кои се претставници на децата на денешното време, во еден момент се среќаваат со дел од ликовите на Недојдија, каде што во одреден момент си ги менуваат местата, со цел да докажат во чие време е подосадно. Претставата поентира со тоа што ги охрабрува децата да веруваат во магијата на играта, како и да научат да комуницираат вербално помеѓу себе.
Сценографијата е на Мартин Манев, музиката на Оливер Митковски, костимограф е Валентина Чонкова, а кореограф е Нина Деан.
Претставата е наменета за возрасна категорија 5+.
Следната изведба е на 9 мај во 18 часот, а билетите за претставата се пуштени во продажба.
Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар и е финансирана со сопствени средства.