среда, 18 февруари 2026

Вечерва на Берлинале светска премиера на македонскиот филм „17“

Долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, кој е селектиран во програмата „Perspectives“ на Берлинале – програма посветена на најдобрите дебитантски долгометражни остварувања од целиот свет вечерва ќе ја доживее својата светска премиера, информираа од Агенцијата за филм.

Објавено на

часот

Сподели

Филмот „17“ е продуциран од продукцијата Црна мачка, со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, во копродукција со Art & Popcorn (Србија) и December (Словенија). Проектот е поддржан и од Филмскиот центар на Србија, Словенечкиот филмски центар, SEE Cinema Network и CineLink – Work in Progress програмата на Сараевскиот филмски фестивал.
„Селекцијата и светската премиера на ’17’ претставуваат значајно меѓународно признание за македонската кинематографија и потврда за потенцијалот на новата генерација автори“,  велат од Агенцијата за филм.

Претходно денеска, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, го посети штандот на Агенцијата за филм поставен на Европскиот филмски маркет (EFM), кој се одржува во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале.

„Македонскиот штанд, лоциран во престижниот изложбениот простор Gropius Bau, претставува значајна платформа за промоција на македонската кинематографија. Преку специјално подготвен каталог и промотивни материјали, Агенцијата за филм ја претставува Македонија како атрактивна сет-дестинација за снимање, со разновидни и уникатни локации, професионални продукциски капацитети и можности за меѓународни копродукции. Посебен акцент е ставен на институционалната поддршка и поволните услови за странски инвестиции во филмската индустрија“, велат од Агенцијата.
Вечерва во 19 часот, министерот Зоран Љутков и директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски заедно ќе присуствуваат на светската премиера на македонскиот филм „17“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ