понеделник, 15 декември 2025

Вечер на танцови филмови во МКЦ

Објавено на

часот

Сподели

Најпрвин премиерно ќе биде прикажан филмот во режија на Дора Кокољ, а во кореографија на Дора Кокољ и Миа Штарк, насловен „2 0 2 0“ (Во потрага по оптимизам и други чудовишта). Директор на фотографија е Марко Далич, монтажата на Дора Кокољ колор и корекција на Марко Далич, на музика на Лука Томан. Настапуваат Дора Кокољ и Миа Штарк, а илустрацијата е на Орла Бирд.

Потоа ќе следува „VITRO“ на Филип Петковски – филм кој е инспириран од македонски ритуали и легенди кои ја опфаќаат природата. Витро ги истражува живоста и трансформацијата како суштински аспекти кај движењето на човечкото тело и движење во природата. Режијата и кореографијата се на Филип Петковски, а настапуваат Адријана Данчевска, Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Матеја Јанковска и Филип Петковски. Камера и фотографијата се на Марко Марјановиќ, Теодор Ангеловски и Жарко Чулиќ, а монтажата на Кирил Манчевски. Користена е музика на Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Ерик Сати и Пјтор Илич Чајковски.

Третиот филм кој публиката ќе може да го проследи е „Home/the movie“ (последен пресек, консензусна реалност), во режија и кореографија на Адријана Данчевска, а визуелен уметник е Ивана Мојсовска. Камерата е на Марко Марјановиќ и Тео Ангеловски, музиката на Claude Debussy, Fierce, Wolfgang Amadeus Mozart, Виктор Филиповски, Бојан Филиповски. Пост продукцијата е на Адријана Данчевска, Тео Ангеловски, Ивана Мојсовска, а настапуваат Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски, Александра Велкова.

Дора Кокољ е алумни на Скопје танцовиот театар. Таа е танчерка, изведувач и кореограф со седиште во Загреб. Дипломира на Скопје танцовата академија, а магистрира педагогија и историја на уметност на Филозофскиот факултет во Загреб.

Со Скопје танцовиот театар гостува на фестивалите „ИТС“ во Амстердам, Холандија во 2103 година и „Средба во Пекинг“ во Пекинг, Кина во 2015 година.

Филип Петковски е кореограф, режисер и доктор на науки по културолошки студии и изведбени уметности. До 2020, тој работи како асистент на Катедрата за светска уметност, култура и танц на УКЛА, како и на Катедрата за историја на уметност. Тој е добитник на неколку престижни стипендии и грантови како Moss Scholars Award, The Tambruritzans Grant in Aid и стипендија од Европската комисија. Низ годините, Петковски се јавува како режисер на 9 театарски претстави режирани во Македонија, Норвешка и САД, како и танцовиот филм vitro. премиерно прикажан на Танц Фест 2021. Тој е и автор на мултимедијалната изложба vita. која беше прикажана во неколку галерии низ Франција и на Photo Vogue фестивалот во Милано, организиран од Vogue Italia.

Како кореограф, Филип црпи инспирација од танцовото наследство на заедниците кои го населуваат Балканот, нивните култури, ритуали и секојдневни животи.

Адријана Данчевска е дел од првата генерација млади кореографи на Скопје танцовиот театар, првата официјална компанија за современ танц во земјава, предводена од Рисима Рисимкин.

Како танчерка настапувала на повеќе фестивали низ светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ