Високото реноме на артистите ја прави селекцијата на Оффест 2025 една од најквалитетните во изминатиот период, а спектарот на стилови, „географското потекло“ на уметниците и шареноликите музички правци, несомнено ќе им приредат несекојдневно и незаборавно концертно искуство на посетителите.
Оффест, на една година пред својот 25-ти јубилеј ужива во репутацијата на еден од најпрепознатливите и најпознати фестивали за музика на светот во Европа, статус кој што се должи на исклучително богатата програма низ годините во која се проткаени небројни жанрови, емоции и доживувања.
5 јуни
Национална опера и балет | 20ч.
Dragan & Ratko Dautovski (С. Македонија)
Canzoniere Grecanico Salentino (Италија)
Национална опера и балет | 20ч.
Vieux Farka Touré (Мали)
Florence Adooni (Гана)