Ансамблот „Трио Академико“ го сочинуваат флејтистката Златка Митева, кларинетистот Бранко Павловски и пијанистката Наташа Трбојевиќ, уметници со богата кариера, препознатливи по својата извонредна интерпретативна зрелост и суптилна музичка сензибилност.
Публиката ќе има можност да ја следи програмата која опфаќа дела од Ерик Евејзен, Ернест Блох, Дмитриј Шостакович, Луиџи Занинели и Давор Јордановски, нудејќи спој на класични и современи музички изрази.
Настанот се реализира со поддршка на Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“, како и во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија, долгогодишен партнер на Македонскиот културен центар.
Концертот е дел од годишната програма на Македонскиот културен центар во Истанбул, реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам, со цел афирмација и промоција на македонското музичко и културно наследство пред турската јавност.






