На трибината, која во 12 часот ќе се одржи во КИЦ Скопје, ќе се отворат прашања за присуството на македонската книжевност во Србија и за српската во Македонија, начинот и квалитетот на пласирање на изданијата, одгласите на критиката, достапноста до читателите и нивниот интерес, како и за претстојните предизвици. Модератор ќе биде Иван Антоновски, којшто ги модерираше и книжевните средби и работилници во рамките на проетот „Паралели и синтези“, а осврт на оствареното ќе даде програмскиот директор на „Спона“, книжевникот Милутин Станчиќ.
Учество најавија македонските автори: Венко Андоновски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Славе Ѓорѓо Димоски, Лилјана Пандева, Иван Џепароски и Фросина Пармаковска, како и новинарот Тони Димков, а свое учество како преведувач ќе земе и Сашо Огненовски. Од Србија ќе учествуваат: Мирко Демиќ, Марица Гроздановиќ-Милошевиќ, Милутин Ѓуричковиќ и Јелена Макевиќ, лекторка по српски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
На настанот ќе бидат изложени и плакати од циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези: Рецепцијата на современата македонска книжевност во Република Србија“.
Во фокусот на циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези“: Рецепцијата на современата македонска книжевност во Република Србија“ беа дела од осум современи македонски автори што изминативе години се објавени и во Република Србија во превод на српски јазик.






