Концертите се закажани за 10, 11:30 и 13 часот. Изведени ќе бидат композиции од Бах, од познатиот албум за Ана Магдалена Бах, аранжирани за гудачки квартет.
Овие концерти се дел од светската иницијатива „Bach in the subways“, преку која Општина Карпош се приклучува на глобалното одбележување на музиката на Бах, директно меѓу луѓето, надвор од концертните сали. Иницијативата е покрената пред десетина години и има огромно значење за доближувањето на класичната музика до најшироката публика.
Младинскиот гудачки квартет „Карпош“ работи под менторство на виолинистката Пламенка Трајковска, а го сочинуваат четири млади музичарки: Јана Бужаровска – виолина, Грациела Трајковска – виолина, Марија Павловска – виола и Сара Илиевска – виолончело.
Концертите се реализираат со поддршка на општина Карпош.






