понеделник, 14 јули 2025

Трета изложба „Професори и студенти“

Во организација на Младинскиот културен центар и со поддршка на Град Скопје на 17  јуни ќе се одржи третото издание на групната изложба која претходно стана култен белег на современата уметничка сцена. На изложбата учествуваат Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје, Факултетот за уметност и дизајн при Интернационалниот Балкански универзитет – Скопје, Универзитетот Мајка Тереза, Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот во Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Изложбата „Професори – студенти“, која оваа година по трет пат се одржува во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје, претставува значаен уметнички и образовен настан што ја презентира и разгледува врската меѓу менторите и младите уметници. Со заедничко изложување на дела на професорите и нивните студенти, во изложбената галерија на МКЦ, се создава простор за дијалог во кој се испреплетуваат искуството и иновацијата, традицијата и современите уметнички тенденции, методологијата и слободата на изразување.

И ова издание на изложбата „Професори – студенти“ обединува веќе признати уметници, како и нови, идни таленти. Учесници на изложбата се повеќе од 50 професори и студенти од осум важни високообразовни институции во Македонија.

Учесниците се претставени со дела изработени во различни уметнички техники, вклучувајќи сликарство – масло и акрилик, цртеж, скулптура, дигитални медиуми, моден и внатрешен дизајн, фотографија и инсталација. Ова обединување на различните уметнички дисциплини ја рефлектира богатата и разновидна сцена на современата македонска уметност. Дополнително, тоа и е јасен показател за мултидисциплинарниот карактер на современото уметничко образување во Македонија, кое ги охрабрува студентите да се вклучат во уметничкиот дискурс со различните традиционални и современи уметнички форми и медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ