недела, 14 декември 2025

Томислав Османли и Никола Маџиров ја претставуват македонската литература во грчката антологија „Балкан“

Од 26-28 септември, во Грција ќе се одржи важна културна и книжевно теоретска средба, првиот Конгрес на интелектуалци, насловена „Меѓубалкански литературни среќањава“ со поднаслов „Разбирајќи го Балканот низ литературата“, настан во чиј пресрет е објавена и  антологијата „ Б а л к а н – современа книжевна антологија“ (издание на „Маѝстрос“, Атина, 09.2025).

Објавено на

часот

Сподели

).  Антологијата, која има 456 страници е составена од Еви Вулгараки-Писина, Ангелос Калогеропулос и Димитрис Склирис. Станува збор за уште една јазично комплетна книжевна антологија,  објавена за кратко време, што опфаќа преводи на грчки од сите балкански јазици. Таа опфаќа 57 автори и 12 преведувачи што приопштиле литературни дела од Грција, Србија, Романија, Босна и Херцеговина Македонија, Бугарија, Турција, Кипар, Словенија, Црна Гора, Албанија и Хрватска. На официјалната најава по азбучен ред и според националните писма на земјите, поброени се главните градови на дванаесетте балкански држави.

Новата книжевна антологија „Балкан – современа книжевна антологија“ вклучи преводи од  македонски јазик на творби од двајца наши истакнати автори: Томислав Османли, прозаист и Никола Маџиров, поет. Преводот на грчки јазик е на Мариа Думба.

Претходно, во соседна Грција беше објавена исто така јазично компетната „Антологија на балканското расказно творештво“ во која  покрај Томислав Османли, составувачот Д-р Ставрос Дајос, своевремено опфати творби уште седум прозни автори од нашата литература. Таа антологија објавена од солунското книгоиздателство „Литератус“ на 428 страници и опфати 71 расказ на плејада балкански прозни дејци од последните два века.

Инаку, тридневната научно-теоретска средба „Меѓу-балкански литературни среќањава – Разбирајќи го Балканот низ литературата“ ја организира асоцијацијата „Меморија и авангарда – отворање нови патишта“, а ќе се одржи во Конгресниот центар Елкиона, во Алиартос тесалиска Биотија.

Средбата како и објавата на Антологијата ја поддржува Министерство за култура на Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ