сабота, 20 декември 2025

„Темна кутија“ – најдобра поема на конкурсот за наградата „Григор Прличев“

Поемата „Темна кутија“ на авторот под шифра „Јас, малиот Тој“ е избрана за најдобра на отворениот конкурс за наградата за најдобра поема што традиционално се доделува во чест на охридскиот и македонски поет и преродбеник Григор Прличев.

Објавено на

часот

Сподели

Жири-комисијата за избор на најдобрата поема во образложението наведува дека поемата „Темна кутија“ е најконзистентна од одспеаните трудови и отскокнува со поетски елементи, ја следи логиката на наративот од почеток до крај и вешто создава слики во главата на читателот…

„Темна кутија“ претставува длабока духовна и егзистенцијална исповед на лирскиот субјект, кој преку долга драматична исповед го претставува сопствениот судир со судбината, смртта, поезијата и смислата на човечкото постоење. Поетот се искачува до архангелски височини, но судбината збор го исфрла од небесниот благослов. Овој мотив е трансформација на библискиот и митскиот пад – не како казна за гордост, туку како вечен поучен престој меѓу два света. Во тој пад присутна е и идентификација со Сизиф и Феникс: осуден на повторно издигнување. Лирскиот субјект се наоѓа „загубен“ меѓу смртта и раѓањето, без да знае дали е мртов или сè уште жив – што укажува на длабока егзистенцијална криза.

„Преку автопоетска исповед, авторот создава современ мит за поетот како истовремено роб и владетел на своите зборови, како грешник со голема душа. Борбата со темнината, стремежот кон светлината, чувството на смисла и бесмисла – сето тоа ја прави поемата сведоштво за големиот човеков обид да најде правда во светот, а мир во себе. ‘Темната кутија’ е централниот симбол на делото. Во неа поетот и бара Бога, но и среќава пеколните тишини, злото и заборавот. Кутијата е, всушност, сопствената свест – сопственото чистилиште…“, се наведува во образложението.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена во рамките на „Прличевите беседи“, манифестациајта што се одржува секоја година на почетокот на февруари, со која се одбележува годишнината од смртта на поетот Григор Прличев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ