четврток, 11 декември 2025

Во Струмица почнува интернационалниот филмски фестивал „Астерфест”

Објавено на

часот

Сподели

Во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, како и од неколку балкански и македонски автори и продукции.

За отворањето денеска е предвидена проекција на филмски блок составен од „Северен пол” на Марија Апчевска и уште шест ексклузивни кратки играни филмови.

За затворањето на 9-ти август, како куриозитет на фестивалот, ќе има специјална премиера со проекцијата на документарецот „Трн” на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.

Мотото на овогодишниот „Астерфест” е „Светлините на астерот”, а манифестацијата е традиционално поддржана од Општина Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ