„Роња, ќерката на ограбувачот“ премиерно беше изведена лани на 26 декември и веќе во месец мај ја доби првата награда на „Новосадските театарски игри” во Република Србија. Во Нови Сад оваа претстава ја доби Гран при наградата за најдобра претстава и Наградата за најдобра анимација на кукли ја доби актерката Матеа Јанковска за улогата на Роња.
На „25.Меѓународен куклен фестивал Златна искра” во Крагуевац, Србија, актерката Матеа Јанкоска од „Роња ќерката на ограбувачот“ ја доби наградата за актерско остварување, а Лазар Новков за најдобра музика.
Јанковска и на МТФ „Војдан Чернодрински” во Прилеп ја доби наградата за млада актерка.
Во претставата играат Матеа Јанковска, Никола Наковски, Ангела Димитрова, Мики Анчевски, Петар Стојанов, Катарина Илиевска – Силјановска.