Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија, со превод на македонски јазик.
Улогите ги толкуваат Селпин Керим, Џенап Самет и Дин Ибрахим. Кореограф е Александра Кочовска – Начева, композитор Албин Сопа, сценограф Ујза Жури, костимограф Диелза Минци, а визуелен уметник Љуљзим Луиџи Бејта.
„Слугинки“ е претстава која што зборува за бунтот и крикот на младата генерација која се соочува со низа на проблеми и конфликти меѓу луѓето во време кога светскиот капитал е репер за моќ и по инерција сме принудени да бидеме компромисни за компромис.
Во текстот на Жан Жене е прикажан револтот на двете сестри слугинките Клер и Соланж кон нивната Господарка. Ритуалот на самопонижување и имитирањето на госпоѓата го поставува прашањето, какви сме кога сме слуги и што се случува во нашата глава во моментот кога живееме во ропство.






