Филозофскиот филмски фестивал е единствениот филмски фестивал во земјава и регионот што се одвива на крстопатот помеѓу филозофијата и филмот, и еден од ретките во светот коишто работат во областа на филм – филозофијата.
Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и се одржува со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура, во соработка со Кинотека, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.