понеделник, 8 декември 2025

Почина актерката Мајда Тушар

Објавено на

часот

Сподели

Мајда Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на Драмскиот театар, особено во проектите на Вечерната сцена.

Нејзини поважни актерски остварувања се: Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени” (1973), Лисјена во „Болва во уво” (1974), Дафина во „Јане Задрогаз” (1974), Неда во „Црнила” (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје” (1978), Орсолина во „Рибарски караници” (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи” (1981), Клодија во „Тетовирани души” (1986), Кристина во „Сили во воздухот” (1988), Медеја во „Медеја” (1988) и Блага во „Кула Вавилонска” (1990).

– Драга Мајда почивај во мир!, се наведува во објавата на Драмски театар – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ