сабота, 31 мај 2025

Организаторите најавуваат „експлозивен почеток“ на Преку езерото, филмскиот фестивал во Дојран

Објавено на

часот

Сподели

Режисерот Јани Бојаџи, како директор на фестивалот, соопшти дека целта била да се оформи програма која во овој момент е пресек на најдоброто на Балканот и Медитеранот и најави „експлозивен“ почеток.

„Се работи навистина за арт-хаус филмови на најзначајните имиња на современите балкански и медитерански кинематографии. Фестивалот го почнуваме експлозивно, со најдоброто иранско остварување во последните неколку години, долгометражниот игран филм „Трета светска војна“. Фестивалот има и специјална програма „Во фокус“, секоја година ќе одбираме една земја за да може на нашата македонска публика подобро да ѝ ги приближиме современите тенденции во балканските и медитеранските кинематографии. Оваа година во фокус е Србија“, изјави Бојаџи.

Техничкиот директор Владимир Карпузовски посочи дека отворањето е на 19 јули во Амфитеатарот во град Дојран.

„На самото езеро, во една преубава локација, магична. Ги покануваме сите гледачи и сограѓани во Дојран“, додаде тој.

Претседателката на Советот на фестивалот Мими Ѓоргоска-Илиевска појасни дека една од клучните цели е да се придонесе и за Дојран и за целиот регион како едно значајно туристичко место и поврзување на филмот, културата, туризмот, културниот туризам.

„Сето она што е многу важно за афирмација на Македонија како една многу важна и значајна дестинација со огромно културно богатство и наследство“, изјави Ѓоргоска-Илиевска.

Фестивалот ќе се одржи на неколку локации во градот, а организаторите ги покануваат сите љубители на филмот и магијата на Дојран да бидат дел од второто издание на Across the Lake | Преку езерото филмскиот фестивал

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ