Гостиварски театар започна со реализација на програмата за оваа година, информираше директорот на установата, Сулејман Рушити на конферција за новинарите. Планот за оваа година е да се подготват пет претстави од кои една за деца. Во процес на подготовки веќе е претставата „Цилиндарот“ по текст на Едуардо де Филипо, во режија на Афрдита Нухију. Оваа претстава ќе се игра на албански јазик.
Денес беше најавен и почетокот на подготовка на уште еден драмски текст кој пред публиката ќе се игра на македонски јазик. Во претставата која според жанрот е комедија ќе играат актерите Марко Дојоски, Ирена Илиевска и Елизабета Младеновска, а режијата е на Елеонора Теова. Костимите за оваа претстава ќе ги работи Катерина Чукниева, а сценографијата на Филип Коруновски. Режисерката Теова појасни дека текстот „Манијак“ на Ратко Бијелчиќ е современ и ги третира состојбите кои настануваат од лажните вести во медиумите.
Директорот Рушити за овогодишниот репертоар на театарот напомнеа дека го применуваат концептот и приодот кон публиката според кој, како што рече, барем еднаш годишно секој гостиварец да дојде на претстава. Просторните проблеми и натаму се актуелни и во значајна мера влијаат врз работата.
Гостиварски театар почна со работа пред шест години и во него се вработени 35 луѓе од кои 11 се актери. Претставите се играат на три јазици, албански, македонски и турски.