Холивудската глумица Анџелина Џоли ги изненади Украинците кога во саботата седна во кафуле во Лавов.
Џоли – која од 2011 година е специјален пратеник на УНХЦР за бегалци – дошла да разговара со раселените луѓе што нашле засолниште во Лавов, меѓу кои и деца што се на лекување поради повреди добиени во ракетниот напад на железничката станица Краматорск во почетокот на април.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=Qq2UlEfS_IU autoplay:0]46-годишната Џоли го привлекла вниманието кога се појавила во неупадлива облека во кафулето, каде што им делела автограми на оние што ја препознале.
Актерката е снимена како шета низ градот со придружба, кога се огласиле сирените за воздушен напад, па тие потрчуваат да се засолнат.
Angelina Jolie had to be rushed to a bomb shelter as air-raid sirens went off in Lviv. pic.twitter.com/dOnLcQsp6d
— Christo Grozev (@christogrozev) April 30, 2022






