вторник, 9 декември 2025

Ана Карењина на Пројковски апсолутен победник на „Театарска пролет“ во Шабац, Србија

Објавено на

часот

Сподели

„Ана Карењина“, која настапуваше во конкуренција со претставите, меѓу другите и на Српско народно позориште – Нови Сад, Ателје 212 – Белград и Београдско народно позориште – Белград, ја оценуваше жирито во состав Зијах Соколовиќ, Слаѓана Килибарда и Ирфан Менсур.

Наградите на овој фестивал се последни во низата од 22-те награди кои овој врвен театарски продукт на Пројковски ги доби во последните две години (премиерно е изведен во ноември 2019 година) во Србија и во странство. Имено, „Ана Карењина“ ги понесе наградите на сите релевантни фестивали во Србија во изминатите две години, како што се фестивалот на професионални театри на Војводина, „Тврѓава“ фестивал, на фестивалот „Борини театарски денови“ во Врање… Актерката Марта Береш, пак, за улогата на Ана Карењина е прогласена и за најдобра актерка во Унгарија.

Со овие награди, „Ана Карењина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште – Нови Сад, а истовремено го вбројува македонскиот режисер Дејан Пројковски во редот на најзначајните театарски режисери на денешнината, не само во Македонија туку во целиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ