понеделник, 8 декември 2025

„Танец“ најавува уште еден незаборавен концерт – „Изворни минијатури“

Националниот aнсамбл за народни игри и песни „Танец“ најавува уште едно уникатно сценско патување низ времето и традициите. Концертот „Изворни минијатури“ е повеќе од обичен концерт – тоа е враќање  кон изворите и никулците од кои р’ти богатиот репертоар на „Танец“. Концертот е закажан за 22 ноември во Националната опера и балет.

Објавено на

часот

Сподели

Предвидена е изведба на автентични ора и песни, изведени во нивната интегрална форма, како што егзистирале на теренот; раскош на дијалекти, потсетување на најстарите слоеви од македонскиот музички и сценски фолклор; машки, женски и мешани ора, придружени од врвни играорци и музичари на македонски изворни инструменти.

Концертот „Изворни минијатури“ е препознаен како исклучително популарен проект кој веќе го обиколи поголемиот дел од државата, што гарантира врвен квалитет и голем интерес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ