четврток, 11 декември 2025

Светски ден на аудиовизуелното наследство во Кинотека

На 27 октомври (понеделник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден.

Објавено на

часот

Сподели

В понеделник со почеток во 12 часот во кинотечното кино ќе се одржи блу – реј промоција на филмот Мис Стон на Живорад Жика Митровиќ од 1958 година, а до крајот на октомври пак, во вечерните термини на филмската програма, ќе бидат прикажувани наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј.

Од понеделник до петок, односно од 27 до 31 октомври, на репертоарот на кинотечното кино ќе бидат домашни филмски наслови: Денови на сукушение, Волчја ноќ, Иловна бригада, Контакт, Ангели на отпад, Јад и Време, води.

Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година. Три и пол децении подоцна, УНЕСКО ја дополни и прошири таа првична препорака со нова и во 2015 година беше усвоена Препораката за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и она во дигитална форма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ