вторник, 24 март 2026

„Страв од чекорење“, нов роман на Ѕвездан Георгиевски

Утре (среда, 25 март) во бистрото „Комедија“ во Скопје ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“ („Бегемот“, 2025) од Ѕвездан Георгиевски. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска, а за музиката ќе се погрижи Костадин Шурбановски.

Објавено на

часот

Сподели

Ѕвездан Георгиевски (1961) е автор на седум книги (публицистика, романи, раскази) и на десeтина преводи. Уредил повеќе зборници, алманаси и списанија. Тој е долгогодишен новинар, уредник и колумнист, а во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

„Страв од чекорење“ се претставува како роман што го става времето во самиот центар на приказната, не само како околност, туку како физичка и суштинска категорија што дејствува како главен лик. Токму во тоа лежи и неговата необичност. Во книжевноста ретко се случува времето да не биде само рамка во која се движат настаните, туку носечка сила што отвора прашања и го диктира внатрешниот ритам на делото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ