Според организаторите на изложбата станува збор за дела на уметници од Германија, Франција, Италија, Србија, Југославија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Австрија, Романија, Холандија, Белгија и САД.
„Делата се од приватна колекција на Влатко Милошевски, а изложбата се реализира со помош на Зоран Андонов, кој е и уредник и одговорен издавач на каталогот и монографијата“, велат од Музејот на град Скопје.
Изложбата e претставена со луксузна монографија и каталог, е поддржана од Министерството за култура и туризам.
Посетителите ќе имаат можност да ги видат делата до 23 април, до кога ќе биде отворена изложбата за јавност.