вторник, 15 јули 2025

Статуафест – соништа – од денеска во Скопје

Денес со почеток во 18,30 часот, на улицата Македонија ќе почне 9-то издание на уличниот уметнички фестивал Статуафест – соништа. Фестивалот ќе трае до 4 јуни.

Објавено на

часот

Сподели

Статуафест е уличен уметнички фестивал каде улицата го покажува своето друго лице – полно со тишина што зборува, движење што мирува, и уметност што сонува со отворени очи.
„Оваа година, тематски нурнуваме во светот на соништата – оние скриени визии што нè водат, ни шепкаат инспирација, ни даваат боја на секојдневието. Нашите живи статуи ќе ги разбудат вашите чувства, ќе ви понудат мигови на замисленост, и ќе ви покажат дека сонот и јавето се поблиску отколку што мислиме.
Статуафест не е само фестивал – тоа е повик за стоп, за восхит и за соништа што оживуваат среде градскиот ритам. Придружете ни се и дозволете уметноста да ве однесе таму каде што зборовите замолкнуваат, а соништата почнуваат да зборуваат“, соопштува организаторот  Театроск.
Проектот е поддржан од Министерството за култура, а помагачи се АМСМ, ВВ Тиквеш и Секјурисат обезбедување.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ