Организатор на книжевната вечер е Српскиот културно-информативен центар „Спона“. На настанот ќе се вклучат и истакнатиот српски книжевник, универзитетски професор и новинар Милутин Ѓуричковиќ, кој во моментов е еден од посветените афирматори на современата македнска книжевност во Србија, преведувачката Марица Гроздановиќ-Милошевиќ, која ќе ги пренесе предизвиците при преведувањето на делото и книжевникот и програмски директор на „Спона“ – Милутин Станчиќ.
Оваа книжевна вечер е дел од циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, којшто Српскиот културно-информативен центар „Спона“ го почна во февруари годинава, а во фокусот се дела од современи македонски автори што изминативе години се објавени и во Република Србија во превод на српски јазик. Настаните во рамките на овој циклус книжевни средби и работилници првпат се одржуваат надвор од Скопје.
Книжевната вечер ќе се одржи со поддршка од почесниот конзулат на Република Србија во Охрид и од почесниот конзул Михајло Филев.






