петок, 5 декември 2025

Со песните на Есма, Нина Ќориќ ја освои Битола

За време на изминатиот викенд, во Битола, во Центарот за култура за првпат настапија хрватските музичари Балкан зу (Balkan Zoo), предводени од Нина Ќориќ.

Објавено на

часот

Сподели

Центарот беше исполнет со експлозивна world music-фузија од фламенко и балкански ритми, како дел од 17. Фестивал на музика од светот.

Нина истакна дека тие се првиот хрватски бенд на оваа сцена во Битола и дека особено ѝ значи што ги интерпретира песните на Есма Реџепова пред битолската публика.

Во дискографијата на Балкан зу и Нина Ќориќ се наоѓаат два одлични албума објавени под знакот на Croatia Records, најголемата издавачка куќа во регионот: „Recycle“ и „Музика за плес“, на кои се вклучени ромски песни со посебен фокус на творештвото на легендарната Есма Реџепова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ