сабота, 21 јуни 2025

„Скопје 2014… и потоа“ – нова книга на Златко Теодосиевски

На 3 јуни во Културно информацтивниот центар во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Скопје 2014… и потоа“ на Златко Теодосиевски. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Никос Чаусидис, историчар на уметност и Бранко Геровски, новинар и главен и одговорен уредник на Плусинфо.

Објавено на

часот

Сподели

Еве што за книгата напиша самиот автор:

Во 2024 година се навршија полни десет години од „проектот“ со славно име „Скопје 2014“, а изминуваат безмалку еднакво толку години и од времето на т.н. „Шарена револуција“ којашто, меѓу другото, инсистираше на конечна разврска со овој „проект“, особено заради неговата анахроност, хаотичност, криминогеност, противзаконска позадина, неговата анти-историчност и квазиестетичност итн. Спомнатите години едновремено сведочат и на приближно толку долгиот период од ветувањата на една политичка партија дека го разбира народниот гнев против „Скопје 2014“ и дека дефинитивно ќе расчисти со „проектот“.
Меѓутоа, минуваа години а ништо не се промени! „Скопје 2014“ се покажа – неуништиво! Затоа и во продолжението на насловот на книгата, во форма на некаков поднаслов, стои она „… и потоа“ бидејќи за овој „проект“ во јавноста се создаде мислење дека е само инцидент со краток век во поновата македонска историја, дека тоа „Скопје 2014“ е само негова мртва рожба… итн. Но, времето нѐ демантираше: тоа „Скопје 2014“ продолжи да трае до денес! И, по сѐ изгледа, ќе трае и понатаму бидејќи во Македонија очигледно нема политичка сила и интелектуален капацитет
што соодветно би се справиле со него! Без оглед што во изминатите години за овој „проект“ беа испишани многу страници и изречени доволен број квалификувани судови – речиси по правило негативни – „Скопје 2014“ остана да служи за потсмев не само во домашната туку и во меѓународната јавност.

Златко Теодосиевски e историчар на уметност, критичар и публицист, автор е на повеќе книги од областа на ликовната уметност и културата („Илија Кочовски – сликар на тишината“, „Жарко Јакимовски, монографија“, „Сашо Саздовски, монографија“, „Пандора Саздовска, монографија“„(Само)заробена култура“, „Време на изгубени илузии“, „Пролегомена за македонската фотографија, том 1-4 и др.).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ