четврток, 22 мај 2025

Сите 27 музеи во Македонија имале речиси 300.000 посетители лани

Во земјава има 27 музеи, од кои, според основачот, 19 се јавни (национални), седум се јавни (локални) и еден е приватен, додека според предметот на работа 13 се општи, а 14 се специјализирани музеи, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на посетителите на музеите во 2024 година изнесувал 289.767. Музеите лани организирале 95 сопствени изложби, од кои 45 изложби биле организирани од општите музеи, а 50 од специјализираните музеи.

Музеите располагале со 186.935 инвентарирани предмети, од кои во 2024 година биле изложени 23.480.

Збирките располагале со 155.997 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 18.701.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ