понеделник, 8 декември 2025

Сиљановска-Давкова ќе биде покровителка на 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, театролог, писателка и редовна професорка на Драмскиот факултет во Скопје. Директорката детално ја запознала со програмата на 60. јубилејно издание на фестивалот којшто ќе се одржи во јуни следната година под мотото „Храбриот нов театар“. Претседателката со задоволство прифатила да биде покровителка на фестивалот, информираат од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

Соговорничките споделиле мислења за македонската драматургија, местото и улогата на славните глумци во неа, но и хроничните проблеми со коишто се соочуваат театрите, вклучувајќи ги и најтешките: просторните и финансиските.

„Сепак, недвосмислено заклучија дека театарот мора да остане жив и витален, обидувајќи се да привлече нова публика меѓу децата и младите, воден од чесната намера да ја поттикне кај нив љубовта кон уметноста“, се вели во соопштението од кабинетот на македонската пртседателка.

Претседателката Сиљановска Давкова смета дека знаењето, професионалноста, храброста и ентузијазмот на директорката и нејзиниот тим гарантираат незаборавен фестивал којшто заслужува институционална и финансиска поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ