На изложбата ќе бидат претставени 60 фотографии од три локални аматерски фотографи, по 20 дела од секој автор. Преку објективот на авторите, публиката ќе има можност да ја доживее убавината на обичните моменти од секојдневието, пренесени со искреност и естетика.
Целта на изложбата е да се поддржат локалните уметници и да се зајакне културната размена и поврзаност во заедницата. Настанот е отворен за сите љубители на фотографијата и културата.
Изложбата е реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија и е дел од Годишната програма на Националната установа за 2025 година.
Изложбата ќе биде отворена за посетители од денеска до 19 јуни 2025 година.