Уметницата Петра Јовановска преку своите најнови дела создадени во комбинирана
техника со сув печат и акрил, ни претставува композиции кои зрачат со префинет
минимализам и длабока симболика. Иако во нејзиниот визуелен јазик доминира сината
боја и редуцираниот колорит, суштината на овој циклус повторно се потпира врз кругот како главен мотив.
Во овој творечки контекст, кругот повторно се наметнува како главна тема, но тој не
настојува да биде доминантен елемент во самите композиции. Наместо тоа, тој е
суптилно вклопен како симбол на континуитетот и животните циклуси, дејствувајќи
како кохезивен фактор кој ја поврзува структурата без да го оптоварува просторот.
Преку техниката на сув печат, Јовановска му дава на кругот тактилна димензија и
текстурална длабочина, дозволувајќи му на овој примарен облик да биде тивок водич
низ нејзиното емотивно уметничко патување, каде што рамнотежата помеѓу формата и
празнината останува клучна за целосниот впечаток.
Петра Јовановска е родена во Чешка, има завршено Ф.Л.У. во Скопје, смер графика.
Петра е ликовен уметник, организатор, куратор и координатор на многубројни ликовни
проекти, до сега има реализирано 88 самостојни изложби (во Чешка, Македонија,
Франција, Словенија, Германија, САД, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина…) голем
број од нив во своја организација, има учествувано во над 400 групни изложби,
добитник е на бројни награди, има учествувно на многубројни меѓународни ликовни
симпозиуми и колонии.
Ликовниот проект е поддржан од Министерство за култура и туризам и Амбасадата на Р. Чешка.
Самостојна изложба на Петра Јовановска во Сули Ан
На 16 април, четврток, во 20 часот во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ – објект Сули Ан во Скопје ќе биде отворена самостојната изложба на ликовната уметница Петра Јовановска под насловот „Овој пат без наслов“.

Објавено на
часот





