Автор на текстот е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, а режијата на Кристина Димитрова. Улогите ги толкуваат Филип Јездиќ, Димитар Ѓорѓиевски, Наташа Ачански…
Персонифициран ѕиден часовник е дел од животот на еден брачен пар – постојано ги следи, им го окупира просторот и буквално им го одбројува времето. Проблемот започнува токму од нивниот различен однос кон времето: додека мажот е спокоен и нема проблем со присуството на саатот, на жената ѝ пречи неговото непрекинато чукање, ја прави нервозна и премногу свесна за поминувањето на времето. Таа упорно го наведува сопругот да заминат некаде и да почнат да прават нешто значајно со своите животи пред да биде предоцна, но каде и да оди, што и да прави, таа не успева да се ослободи од чукaњето на саатот. Времето не гарантира смисла – ни овде, ни никаде.

Ова е претстава за судирот меѓу објективното и субјективното време кои ретко се синхронизирани, но и за повторливоста наспроти минливоста – две спротивности од кои колку и да бегаме, секогаш, без исклучок, нѐ наоѓаат.






