вторник, 9 декември 2025

„Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“ – музичко поетска вечер

Во организација на здружението на љубители на Ромската фолклорна уметност „Романо ило“, во големиот салон на галеријата „КО-РА“ во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје вечерва ќе се одржи II Меѓународна музичко поетска вечер 2025 насловена „Ромската роза никогаш нема да умре во холокаустот“ со учество на 35 поети и писатели од повеќе земји, по објавениот конкурс во спомен на Ромите и Синти жртви на нацистичкиот  холокауст во време на Втората светска војна.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа манифестација е во рамките на програмата на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје која ја поддржува соработката со разни здруженија и НВО, особено во афирмацијата на малите заедници, а воедно и во контекст на одбележувањето на историските настани и јубилеи кои се и од меѓународно значење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ