Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав: Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), која при тоа го констатираше фактот дека годинава конкуренцијата меѓу објавените романи е прилично изедначена, што го покажува и фактот дека во најтесен избор влегоа дури шест романи (веројатно најмногу во историјата на „Романот на годината“
Жири-комисијата ќе го соопшти името на добитникот на годинашната награда на прес-конференција што ќе се одржи во петок, на 13 март, со почеток во 13 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.
Наградата што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Нејзин генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а таа е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.
Годинава наградата ќе се додели по 27-ми пат, а минатата година неа ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.
Според најавите, годинава свеченото врачување на наградата „Роман на годината“ ќе се одржи во средината на мај.






