Главна цел на настанот е да подигнеме свест дека донациите не треба да се намалат и дека се потребни исто како уште првите денови на формирањето на Support Kocani.
Донациите стивнуваат.
Донациите стивнуваат.
„Ние сме овде да ве потсетеме дека донациите не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените кои чекаат за нив, од кои некои директно се вклучени во фестивалот за нивна повторна социјализација. Четири месеци се поминати, но раната оставена од трагедијата е сѐ уште свежа. За жал, вниманието на јавноста сè повеќе и повеќе се губи, а луѓето забораваат. Не смееме да дозволиме таквата ситуација да остане незабележана. Тишината во овој момент е гласна, затоа ние треба да сме погласни“, велат организаторите.
„Во сабота настанот ќе почне покасно, за да се остави простор на мировниот марш, кои ние од сè срце го подржуваме, учествуваме и повикуваме луѓе да земат учество и надвор од Кочани. Само ние, младите, можеме да си помогнеме едни на други.
Целиот настан е посветен нa Сара Јорданова, наша драга пријателка и соученичка која го загуби својот живот во пожарот, но и кон сите други засегнати“, соопштија организаторите.

На сцената ќе настапат артисти како Хајка, Taxi Consillium, Корка, Алембик, Јаблан, Don Playa, Луфтанза, Соба Глувих, Големата Вода, Mallard и DJ Gianni.