сабота, 13 декември 2025

Прв настап на јапонскиот дует Хевнфентамин

Хевнфентамин (heavenphetamine) се Хироки Ода (Hiroki Oda – синтисајзер/вокали) и Сара Ода (Sara Oda – тапани/вокали). Нивниот прв настап во Македонија е закажан за в сабора во 21 часот во Клуб Ла Кања во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Свират музика која е истовремено прецизна и непредвидлива. Ги синхронизираат тапаните со електронски синт секвенци и луп педали, создавајќи хаос од дисциплина и слобода во кој се раѓаат композиции што пулсираат како техно, но задржуваат панк енергија и органски звук. Мелодичните вокали на јапонски внесуваат дополнителна интимност во нивниот музички универзум (краут, психоделија, пост-панк, есид хаус) во кој жанрот е само хемиска состојка за дожувување и препуштање.

Двојката го напушти родното Токио во 2021 година и оттогаш практично живее на турнеја. Досега имаат свирено на повеќе од 150 концерти во 37 земји, носејќи ја својата музика насекаде, од сквотови до големи фестивали како Tallinn Music Week Trans Musical Festival. Редовно настапуваат во градовите на Украина погодени од војната и снимаат со локални музичари. Нивниот прв долгосвиречки албум „The Sun on a Winter Day“, снимен во Киев среде воздушни напади и прекини на струја, беше објавен во август 2024 година од украинската издавачка куќа Kontrabass.

Во текот на вечерта, на импозантниот ѕид на Чифте Амам, ќе бидат проектирани експериментални филмови на јапонскиот режисер Toshio Matsumoto.

Со ова започнува концертниот серијал на современа и експериментална музика, насловен: ПРЕΔИЗВУК: од хаос до хармонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ