среда, 10 декември 2025

Прв Етно фестивал во Охрид

Објавено на

часот

Сподели

Првиот Етно фестивал во Охрид беше отворен синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев” со настап на етно составот „Монистра”, со што ја отпочнаа својата турнеја за одбележување 20 години постоење на македонската музичка сцена.

Фестивалот е во организација на Здружението за интегриран развој „Арт пријатели”, а со поддршка на Општина Охрид. Официјално за отворен го прогласи советникот Перчо Божиноски, кој посочи дека промовирајќи ги македонските културни традиции и фолклорот, ја потврдуваме и нашата македонска гостопримливост и отвореност кон сите, кои ги негуваат овие трајни вредности.

„Со оваа манифестација чесно и објективно се вреднува вложената енергија и креативниот напор за создавање трајни вредности и нивно негување и се отвора можност на присутните да се запознаат со значењето на традицијата на ова подрачје, која сите ние имаме должност да ја пренесуваме на нашите поколенија. Традиционалната музика и препознатливите македонски носии како дел од духовното творештво се еден од најзначајните белези на националниот и културен идентитет на секој народ. Токму затоа овој културен настан е многу значаен и вреден за сите нас и јас очекувам истиот да добие традиционален карактер“, рече Божиноски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ