Во текот на промоцијата, волонтерите од Црвениот крст на интересен и интерактивен начин ги презентираа содржините на македонски и на турски јазик пред учениците и нивните ментори од ООУ ,,Раде Кратовче“ од Кочани, при што учениците покажаа интерес активно да учествуваат во презентацијата, читањето и преведувањето на басните.

„Нашата цел е преку литературните дела, читањето и развивањето на љубовта кон пишаниот збор да се негува, пред сè, сопствениот мајчин јазик, но и промоција, афирмација и негувањето на сите јазици“, порача организаторот на овој настан од културата, кочанската библиотека „Искра“.






