Авторите со оваа публикација откриваат дека Милетич го убедува Русинот Селишчев своето дело „Есеи за македонската дијалектологија“, да го преименува во „Полог и неговото бугарско население“. Авторите ги пренесуваат писмата со кои комуницирале Селишчев и Милетич, кои ги добиле од архив во Русија.
„Заедно со колегата Драган Јаќоски, повеќе години истражувавме на темата која нè засегаше многу, а тоа е книгата „Полог и бугарското население“ за која ние сметавме дека има многу научни недоследности, а веќе 97 години како поминаа од издавање на таа книга. Предизвик беше да се пронајдат непосредни докази за таа мистификација, односно фалсификат. И така дојдовме до непосредни сознанија, односно ги откривме писмата кои се упатени од страна на претседателот на бугарската академија, Љубомир Милетич и воедно директор на Универзитетот во Софија до Селишчев, кој како автор докторирал на македонските дијалекти во 1918, истакна Бранислав Светозаревиќ.
На денешната промоција се обрати рецензентот на книгата проф. д-р Димитар Пандев, кој вели дека со оваа книга се откриваат конструкциите и манипулациите на бугарската историографија во однос на македонскиот јазик и македонската нација.
„Она што е особено значајно за овој труд на двајцата автори, тоа е дека тие разоткриваат една манипулација со овој врвен лингвист, Афанасиј М. Селишчев, односно убедувањата на Милетич во своето дело Селишчев да вметне идеи својствени за бугарска историографија. Ова дело открива дека Милетич со сите свои сили се обидувал да му ги наметне тие идеи на Селишчев, а книгата излегла во Софија. Сметаме дека со вакви дела македонската наука храбро застанува против сите оние напади на македонскиот јазик“, истакна проф. д-р Пандев.
На денешната промоцијата освен обраќањето на проф. д-р Димитар Пандев беа прочитани и освртите на проф. д-р Михајло Марковиќ и проф.д-р Валентина Миронска-Христовска.
Оваа публикација која е во издание на Државниот архив, имаше национална промоција во Скопје во декември 2024 година. Следуваа уште промоции во Кочани, Делчево и денешната во Тетово.






