вторник, 3 март 2026

Промоција на сликовницата „Македонките во битка – вистински приказни“, утре во Музеј на македонската борба

Музејската едукативна сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“, од авторките Ана Вишинова, музејски едукатор, и Даниела Митевска, кустос, ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба за самостојност во среда, 4 март, со почеток во 12 часот, информираа денеска од Музејот на македонската борба.

Објавено на

часот

Сподели

Посветена е на македонските жени – ајдутки, комитки и партизанки, жени кои никогаш не биле пасивни набљудувачи на историјата, туку активни учесници во борбата за човекови права и слобода.

„Сликовницата ја става во фокусот улогата и значењето на жените, која не се сведува само на убавина, истрајност, пркос и храброст, туку и на нивната способност да се вклучат во борбата и да влијаат врз клучните цивилизациски процеси. Изданието е инклузивно четиво на македонски и англиски јазик наменето за збогатување на дополнителните материјали за наставата по историја, и е продолжение на претходните изданија ‘Зад големата мисла’ (2019) посветена на создавањето на МРО и ‘Пламен и непокор’ (2022), посветена на Илинденското востание“, се наведува во соопштението на Музејот.

Проектот е дел од годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Министерството за култура и туризам за 2025 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ