четврток, 5 март 2026

Промоција на романот „Порција бара спас“ од Христо Георгиев во македонскиот КИЦ во Софија

Утре вечер  во македонскиот културен центар во Софија, Бугарија ќе се одржи промоцијата на романот „Порција бара спас“ од Христо Георгиев.

Објавено на

часот

Сподели

На книжевната вечер ќе присуствуваат авторот Христо Георгиев и преведувачката и издавач Марија Георгиева – Дурга.

Од македонскиот КИЦ во софија објаснуваат дека Романот е сатирично научно-фантастично четиво, во кое преовладуваат историските артефакти. Напишан во 1965 година во Скопје, а објавен дури по 60 години, во 2025 година. Со својот специфичен дух и мистичен израз, тој е мост меѓу епохите.

„Книгата има необична судбина, напишана во 1964-5 година во Скопје, не добила одобрение за објавување од тогашните институции одговорни за пишаниот збор во Македонија. Денес, 60 години подоцна, овој ракопис е објавен за прв пат од издавачката куќа ‘Арт куќа Премананда’. На 94-годишна возраст, авторот го претставува своето дело токму во Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Oваа книга е важна за современиот читател затоа што романот е исклучителен не само како литературен текст, туку и како историски артефакт. Напишан во 1964-65 година од автор роден во Скопје и објавен дури во 2025 година, тој е мост меѓу епохите, кој носи специфичен дух и увид“, велат од македонскиот КИЦ во Софија.

Оттаму уште појаснуваат дека сижето е оригинално и провокативно. Идејата, дека вонземјаните доаѓаат на Земјата (Тера) не за да нè спасат или освојат, туку да проучат како професионално ја уништуваме Вистината, е брилијантна.

„Користејќи суптилен, интелигентен хумор и водејќи ги ликовите низ низа незгоди, авторот поставува фундаментални прашања и станува непристрасно огледало на општеството: Иако е напишан во средината на 1960-тите, сатирата е застрашувачки релевантна во дезинформациите и искривените вредности на сегашното дигитално доба. ‘Порција бара спас’ е покана да размислиме дали сме станале помудри во текот на изминатите 60 години, или сè уште се вртиме во истите кругови, барајќи излез таму каде што го нема. Тоа е огледало во кое денешниот читател може да го види своето време низ очите на мудар набљудувач од минатото. Романот е вреден затоа што малку се примерите на сатирична научна фантастика од 1960-тите на Балканот кои преживеале во својата автентична форма, без да бидат преработени низ призмата на подоцнежната политичка коректност. Книгата ни покажува како се разбудила интелектуалната мисла во ерата на Студената војна и првите чекори во вселената. Во средината на 1960-тите, социјалната сатира беше опасно оружје. Вредноста на романот лежи во неговата алегоричност – го користи жанрот на фантастиката – далечни планети (како Порција) за да зборува за земските несовршености, бирократијата, ограничувањето на слободата и апсурдите на општеството“, потенцираат од македонскиот КИЦ во Софија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ