На настанот, како што информираат организаторите, ќе присуствуваат бројни гости од Чешка и Словачка, како составен дел на асоцијацијата Европската рута на Кирил и Методиј при Советот на Европа.
Утре, пак, со почеток во 10 часот во „Порта Македонија“, ќе се организира Генерална асамблеја на асоцијацијата Европската рута на Кирил и Методиј при Советот на Европа, во која членува и Македонија, на која поздравно обраќање ќе има министерот за култура и туризам на Македонија Зоран Љутков.
Министерството за култура и туризам е носител на Програмата за културните рути при Советот на Европа.