Книгата е поддржана од Министерството за култура и туризам на Македонија и го опфаќа животниот и професионалниот пат на Тони Баталаковски, низ поројот на настани, судбински предизвици и остварени соништа.
Монографијата содржи интерпретативен приказ на неговата сценска дејност, педагошката и репетиторската работа, како и бројни сеќавања за ликот и делото на уметникот. Како првенец на Балетот и како прв директор при тогашното МНТ – ООЗТ Балет, Тони Баталаковски со својата визија и посветеност остави длабок и траен белег во институционалниот и уметничкиот развој на македонскиот балет. Монографијата „Мојот пат“ претставува сведоштво за едно време, една професија и една исклучителна животна мисија, оставена како трајно културно наследство за идните генерации.






