
Објавени се 9 нови книги за деца и млади, а со цел да се анимираат најмладите читатели, распишани се конкурси за литературни и ликовни творби инспирирани од темите, мотивите и ликовите на книгите. Исто така, инициран е и квиз со прашања за содржините на делата, а за секоја прочитана книга се добиваат наградни купони со поени за попусти.
Ризницата од книги за деца и млади е збогатена со следниве нови наслови: Патувањата со моето семејство, Повторно на патување и Патувачки циркус од Мари-Луиз Геј и Дејвид Хомел, Раскази од песокта од Рената Пјатковска, Сири и безгрижното коњче, Сири и храброто зајаче и Сири и исчезнувачката ѕвезда од Тина Нопола и Мерви Линдман, Календарот на Маите од Викторија Ледерман и Тајните на напуштената куќа од Снебјорн Арнгримсон.






