сабота, 13 декември 2025

Проекција на „Еко-Скоп“ од Коле Манев

Во Кинотека денеска ќе биде прикажан филмот „Еко-Скоп“ од уметникот Коле Манев и ќе се одржи дискусија за одржливо земјоделство. Настанот го организираат „Гоу грин“ и Чешката амбасада во Скопје, а целта е подигнување на свеста за еколошките прашања.

Објавено на

часот

Сподели

Дискусијата ќе ја води реномирана земјоделска едукаторка од Чешка која, како што се наведува во најавата, со својата експертиза и искуство во одржливите практики ќе понуди вредни сознанија за еколошките техники во земјоделството и за други поврзани теми. Сесијата ќе биде отворена за сите учесници заинтересирани да дознаат нешто повеќе за поврзаноста на земјоделството и еколошката одржливост.

Целна група се млади од 14 до 18 години, а учество пријавиле ученици од средните училишта „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Ѓирѓи Димитров“, „Раде Јовчевски-Корчагин“, „Јосип Броз-Тито“ и Марија Кири-Скодовска“, кои активно ќе учествуваат на работилницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ