среда, 17 декември 2025

„Приказната за Силјан“ не влеза во топ 15 филмови за оскаровската трка

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука ја објави листата на потесен избор на филмови кои ја продолжуваат трката сè до последните финални номинации кои ќе се објават на 22 јануари 2026 година. „Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гласачите на Академијата, иако според сите прогнози важеше за кандидат за Оскар.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Среќна сум поради тоа што една македонска приказна одекна во светот, и поради поддршката што ја добиваме јас и филмот од целата нација. ‘Силјан’ станува значаен и гласен, а тоа е најдлабоката поента на едно филмско дело”, изјави режиерката на филмот Тамара Котевска.

„Приказната за Силјан” беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец. Филмот го откупи National Geographic, и до сега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на фестивалот во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и ред други. Македонската кампања за Оскари во категоријата најдобар странски филм е поддржана од страна на Агенцијата за филм на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ