недела, 7 декември 2025

„Приказната за Силјан“ на Котевска со двојна круна се враќа од Лос Анџелес

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска триумфираше на 41. издание на ИДА, Меѓинародните награди за документарен филм во Лос Анџелес (САД), освојувајќи ја наградата за најдобар документарен филм и најдобра камера.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е мојот најличен филм досега. Го посветувам овој успех на сите документарни воини ширум светот“, изјави Котевска по добивањето на наградите.

Наградата за најдобра камера одите во рацете на кинематограферот на „Приказната за Силјан“ – Жан Дакар.

ИДА признанијата важат за едни од највлијателните во светот на документарниот филм и се сметаат за еден од најсилните индикатори за успех во оскаровската трка. Добитниците многу често се наоѓаат меѓу номинираните, но и меѓу добитниците на Оскарите. Овој успех ги зацврстува шансите на „Силјан“ во двете категории во кои се натпреварува во претстојната оскаровска сезона. Потесниот избор за Оскарите ќе биде објавен на 16 декември, а финалните номинации на 22 јануари 2026 година.

„Филмот е откупен од каналот Нешнл џеографик документарни филмови и веќе предизвикува силен меѓународен интерес и го поставува македонското документарно творештво на значајно место во глобалниот филмски простор“, велат од тимот на Котевска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ